Почнува Светското фудбалско првенство 2026

Вечерва започнува најголемиот спортски спектакл на планетата – 23-тото Светско првенство во фудбал. За првпат во историјата на мундијалите ќе настапат 48 репрезентации, а домаќини се три држави – САД, Канада и Мексико...

Милијарди љубители на фудбалот ширум светот ќе бидат насочени кон Северна Америка, каде што најголемите ѕвезди ќе се борат за најпосакуваниот трофеј во светскиот спорт. 

Отворањето е закажано во Мексико Сити, а организацијата веќе се оценува како една од најамбициозните во историјата на фудбалот.