Почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане

25 годишниот сериски убиец од Старо Нагоричане седнува на обвинителна клупа... тој  е обвинет за 4 убиства и два обида за убиство на жени.

Обвинителството наведува дека, имајќи во предвид дека со умисла лишил од живот повеќе лица, за делата е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди.

Јавно обвинителство 

- Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, утврдила дека бил пресметлив кога ги извршувал убиствата, а убивал од омраза кон жените.

Од јануари 2025-та до февруари годинава, обвинетиот извршил повеќе напади врз жени, претежно повозрасни, и немоќни лица кои живееле сами. Во текот на истрагата беа откопани телата на три жени, а обдукцијата утврди дека две од нив се негови жртви.

Првото убиство го сторил во јануари минататa година, во село Клечовце кога влегол во куќата на повозрасна и немоќна жена и додека таа била заспана на креветот, при што физички ја нападнал и насилно почнал да ја задушува.

Од бројните скршеници и повреди поради кои не можела да дише, жената починала..Предметот во судска постапка ќе го застапува Љубомир Лапе, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово.