Почнува судењето за полицајците кои ноќта на 16-ти март биле во „Пулс“
Денес стартува судењето за 13-те полициски службеници, меѓу кои и началниците од ОВР Кочани и СВР Штип, кои кобниот 16-ти биле дежурни, но и ангажирани во „Пулс“. Обвинети се дека кобната ноќ, кога се случи пожарот, ниту ја прекинале забавата, ниту пак спречиле пиротехниката да биде активирана.
Тие се обвинети за загрозување на општата безбедност и сигурност. Обвинението ќе го застапува обвинителката Спасенка Андонова, која беше избрана во ОЈО ГОКК.

