Почнува со работа гасниот терминал во Александрополис

Нов голем ресурс за снабдување со природен гас има земјава од денеска. Почна со раобта терминалот за течен гас во грчки Александропули, во кој удел им и земјава. Тоа треба да донесе поефтин гас за индустријата и домаќинствата, очекуваат домашните енергетски експерти.

Од компанијата „Гастрејд“, која е оператор со терминалот, велат дека станува збор за еден од наважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво и ќе придонесе за енергетската безбедност и развој, за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа.

- Терминалот за ЛНГ Александруполи, освен од пловната единица за складирање и регасификација (FSRU), се состои и од подморски и копнен гасовод за пренос на природен гас, кој го поврзува FSRU со грчкиот преносен систем и преку него ќе испорачува природен гас надвор од Грција и до Бугарија, Романија, Северна Македонија, Србија, на исток до Молдавија и Украина, како и до Унгарија и Словачка на запад. Пловната единица, „АЛЕКСАНДРОУПОЛИС“ именувана во чест на градот и неговите жители, кои го прифатија овој амбициозен проект од самиот почеток, располага со најсовремена технологија, со максимален капацитет за регасификација од 5,5 милијарди кубни метри годишно.

Земјава е сопственик на 10 отсто од терминалот и една четвртина од 800 ватната гасна централа во Александропули , откако пред три ипол години Македонија официјално стана дел од проектот за негова изградба. Сепак, првично гасот ќе го добиваме индиректно, вели рвиот човек на Регулаторна комисија Марко Бислимоски.

Годишната потрошувачка на гас во земјава изнесува околу 400 метри кубни, па со обезбедувањето на таа количина од гасниот терминал Александропули и со интерконекторот со Грција Макеоднија ќе обезбеди трајна и безбедна набавка на неруски гас, односно ќе се ја реши зависноста од гасот на руски Гаспром.