Почнува кампањата за промоција на стручното образование и занимања

Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, амбасадорката на Швајцарија во РСМ, Сибил Сутер Техада и директорот на УСАИД во РСМ, Ерик Јановски денеска ќе учествуваат на настан за отпочнување на кампања за промоција на стручното образование и занимања.

Настанот ќе се одржи во СГГУ „Здравко Цветковски“ (ГУЦ), а реализацијата на кампањата за промоција на стручното образование и занимања е финансирана од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, Фондот за иновации и технолошки развој и Програмата за развој на Обединетите нации, со поддршка од Меѓународна организација на трудот.