Почнува јавна дебата за креирање на Фонд за новинарски продукти: ЗНМ и европските новинарски организации на средба во Владата
На барање на Здружението на новинарите на Македонија, денеска се одржа средба со премиерот Димитар Ковачевски заедно со претставници на пет глобални новинарски и медиумски организации кои се во посета на Македонија.
Предмет на разговор беше потребата, владата и новинарската фела, заедно да изнајдат механизам преку кој ќе се унапреди плурализмот во медиумското известување, но и да се подобри генерално медиумската содржина каде ќе преовладува јавниот, а не партискиот интерес.
За оваа цел, претставниците на новинарските и медиумските организации ја истакнаа нужноста од креирање на фонд за поддршка на плурализмот во медиумите.
Премиерот Ковачевски ги поздрави напорите на новинарските организации и изрази подготвеност да се отвори јавна дебата за барањата за креирање на фонд за поддршка на плурализмот во медиумите во Ммакедонија.