Почнува 8. „Анимакс Скопје фест“
Foto

Почнува 8. „Анимакс Скопје фест“

Под мотото „Не понекогаш. Засекогаш. Анимакс Скопје фест“, од денеска до 2 декември во Кинотеката на Македонија ќе се одржува 8. Меѓународен филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје фест“.

Во четирите фестивалски денови ќе бидат прикажани 62 филма – 50 краткометражни и 12 филмови за деца во официјална конкуренција. Тие се избрани од пријавените рекордни  3.234 анимации од 83 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил.  Голем дел од филмовите кои ќе бидат во трка за нагадата „Златна тула“ се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија.

Официјалната програма на фестивалот со прикажување на филмовите ќе почнува во 20 часот. Билетите за проекциите се по цена од 50 денари. Филмовите за деца ќе се прикажуваат викендот на 1 и 2  декември со почеток во 12 часот. Публиката ќе има можност да гласа за најдобриот филм за деца и да го избере победникот. Проекциите за деца се бесплатни. Во рамки на фестивалот ќе бидат организирани две работилници за анимација наменети за деца.

„Анимакс Скопје фест“  е во организација на продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со филмското училиште „Тинтири-Минтири“ и Кинотека на Македонија и со поддршка од Агенција за филм и Град Скопје.

0 Коментари

Остави коментари