Почнаа рударските работи во новиот површински коп Боров дол
Foto

Почнаа рударските работи во новиот површински коп Боров дол

Рудникот „Боров дол“ и официјално влегува во процес на експлоатација. Од денес со ископ на јаловината почнаа рударските работи. Целокупниот процес ќе трае една година, а подготовките кои опфаќаат и изградба на 4,5 киломтери пат ќе чинат околу 50 милиони евра. Рудата во „Бучим“ ќе пристигнува од „Боров дол“ на подвижна трака во должина од околу седум километри, ќе се преработува во постојната флотација, а јаловината ќе се депонира во постојното хидројаловиште.

„Веќе имаме предвидувања и заклучени договор за ископ на 13 милиони тони јаловина, тоа треба да се нпарави во 2019 и 2020 и очекуваме да добиваме руда и истата ја транспортираме во рудникот Бучим.“ - вели Николајчо Николов, зам. директор на Бучим.

Во рудникот „Бучим“ има руда за експолатација за околу осум месеци. Јазот пред да почне да функционира „Боров дол“ ќе се пополнува со отварање на нови ископи при што ќе се урнат и дислоцираат неколку придружни објекти околу постоечкиот рудник. Боров дол е еден од рудниците против кој лани екологистите и граѓаните од југоистокот организираа протести. Од „Бучим“ тврдат дека влијанието врз животната средина ќе биде минимално.

„Тука животната средина ќе биде сигурна и очекуваме заживување на неразвиената општина Конче.“ - вели Николов.

Боров дол“ се простира на територија на општините Конче, Штип и сосема мал дел во Радовиш. Со стартот на експлоатацијата овие општини ќе добиваат и надомест од концесијата што рудникот ќе ја плаќа на државата. 

0 Коментари

Остави коментари