Почнаа карневалските празнувања во Струмица
Foto

Почнаа карневалските празнувања во Струмица

Нема да се одложи струмичкиот карневал поради појавата на пациент со коронавирус. 

Одлуката ја донел Организациониот одбор во корелација со координативното тело од Скопје од каде не добиле било каква препорака или одлука за откажување на манифестации и поголеми јавни собири. 

Како што кажа претседателот на организациониот одбор Александар Цицимов само една средношколска група од Србија откажала учество. Очекува и ова година карневалот да понуди квалитетни маски.

Годинава струмичкиот карневал одбележува 30 години од возобновувањето во организиран форма. Беа доделени признанија и плакети на сите институции и групи кои дале белег во развојот на ова манифестација. Учесниците со нетрпени очекуваат да ги покажат своите маски во сабота.

Околу 1.500 карневалисти од земјава и од девет европски држави ќе земат учество на годинешново главно дефиле кое ќе биде во сабота. Инаку карневалот во Струмица се одржува за празникот Тримери кој ги означува големите велигденски пости.

0 Коментари

Остави коментари