Почна вакцинацијата против ковид-19
Foto

Почна вакцинацијата против ковид-19

Со 4 680 дози на вакцини од „Фајзер“ кои Србија ни ги донираше пред три дена и речиси една година од отркивањето на првиот пациент, Македонија денеска ја започна вакцинацијата против коронавирусот. 

Докторката Добринка Наунова Јовановска од скопската инфективна клиника и главната сестра Габриела Темелковска се првите кои што ја примија антиковид вакцината. После 12 месеци во првите борбени линии - се надеваат дека конечно со вакцинацијата ќе се стави крај на пандемијата.

„Клиника за инфективни болести 03466 / 07.40 – 08.11 „Ја примив вакцината и се чувствувам одлично. Самото аплицирање на вакцината е безболно и сакам да препорачам секој од нас кој е во оваа држава и сега веќе имаме вакцини - да прими вакцина, по сопствен избор нормално. Тоа е единствен начин да се заштитиме од овој тип на инфекција која се случува последнава година, со која цел свет се бори, па и ние сосем добро.“ - вели примариус Д-р Добринка Наунова-Јовановска 

„Секако дека се чувствуваме побезбедни и дека со вакцинацијата ќе се намали и бројот на новозаболени и дека ќе почнеме да се враќаме во нормален живот.“ - вели Габриела Темелковска - Медицинска сестра – Клиника за инфективни болести.

По персоналот од инфективна, ќе се вакцинира персоналот од останатите КОВИД центри во Скопје, а потоа и здравствените работници од другите градови кои ќе треба да дојдат во модуларната болница за да примат вакцина. 

Министерот за здравство не се вакцинираше. Остави простор на неговите колеги кои што се во директен ризик да се имунизираат, а тој рече ќе ги чека следните пратки. Најави дека следната недела ќе пристигнат останатите 4 000 вакцини од Србија. 

„Многу е важно граѓаните да бидат свесни дека вакцините се безбедни и дека без разлика од кој производител доаѓаат се развиени на безбедни платформи и ова е единствениот начин да се смени сликата на пандемијата.“ - вели Филипче.

Дневно ќе се вакцинираат околу 300 здравствени работници, термините се закажуваат на секои 10 минути. Очекувањата на здравствените власти се за десетина дена да се извакцинираат сите 4 000 здравствени работници. 

Според планот за имунизација, по здравствените работници следни ќе се вакцинираат лицата над 70 години, а потоа хронично болните - кои исто така спаѓаат во ризичната категорија на граѓани.

0 Коментари

Остави коментари