Почна увидот во избирачкиот список
Foto

Почна увидот во избирачкиот список

Јавниот увид на избирачкиот список за локалните изборите почна денеска и ќе трае до 9 септември. ДИК на увид ја стави новата состојба на податоци на избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.

Во овој рок граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици  или електронски да се обратат до комисијата и притоа да достават соодветни докази.

Рокот за заклучување на избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

0 Коментари

Остави коментари