Почна учебната година - 19 000 првачиња тргнаа на училиште
По седум месеци во училиштата се врати детскиот џагор. Со љубопитни очиња, збунети но истовремено и среќни, учениците денес со маски и на растојание дојдоа подготвени за првиот училишен ден.
Родителите иако загрижени сепак веруват дека децата кои ќе имаат настава со физичко присуство ќе им бидат заштитени, дел од нив се уште не се подготвени да ги пратат своите деца на училиште.
Со еден месец доцнење, учебната година денес започна за 260,000 ученици од кои 19.000 првачиња.
На првиот училишен час во ОУ „Јан Амос Коменски“, првачињата ги посетија и премиерот Заев, заедно со министерката Царовска .Посакувајќи им среќен и успешен почеток на новата учебна година на сите ученици, уверија дека се обезбедени сите услови за безбедно и сеопфатно образование за сите, во услови на Ковид -19.
40,000 ученици сеуште немаат услови да ја следат наставата онлајн. Премиерот Заев, вети дека ниту едно дете нема да остане без услови за следење на наставата.
„Ќе направиме се, во рамки на сите наши можности, способности и капацитети, како држава и како општество, да не оставиме ниту едно детенце кое нема да отпочне со училишната година,верувам дека сите заедно ќе успееме во тоа, институциите пред се, државата од својот буџет, но и солидарноста на компаниите, државни и приватни кои помагаат, како и на граѓаните, да имаме еднаков третман на сите дечиња, без разлика дали живеаат во ридско планинските подрачја, селата, градовите.“ - изјави Заев.
Најголем број од учениците наставата ќе ја следат онлај, од своите домови, според министерката Царовска, во најголемиот дел од училиштата, наставата од далечина успешно започнала на првиот училишен ден, според неа проблеми и понатаму ќе има но тие тековно ќе се бидат решавани.
„Во најголем дел од училиштата е започната оналјан наставата, во некои училишта се доопремуваатсо интернет,тоа е инфраструктурата, за којашто зборував дека градоначалниците,кој што посветено работеа со нас 4 недели, обезбедија техничка опрема,но сигурна сум дека и другите ќе се доопремат и ќе го обезбедат истото. Ние не бегаме од проблеми, проблеми ќе има тековно во текот на целата година,да не заборавиме дека, интернетот ќе паѓа, може да се случи, невреме, и слични елементи кои влијаат, но не се поврзани ссо нас и нашата моќ,но заедно ќе ги надминуваме.“ - изјави Царовска.
Најголемиот дел од учениците кои денес го слушнаа училишното звоно беа од првите три одделенија, но и дел од учениците во 600 подрачни основни училишта и неколку средни кои ги исполнија условите за настава со физичко присуство. За сите останати наставата ќе се одржува онлајн, се додека епидемиолошта состојба тоа го наложува.