Почна учебната година
По еден месец одложување денеска почна новата учебна година за 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња.
Училишното ѕвонче заѕвони за учениците од прво до трето одделение кои наставата под посебни протоколи ќе ја следат од училишните клупи. Останатите основци од повисоките одделенија и средношколците со своите наставници ќе комуницираат онлајн.
Националната платформа за учење од далечина пред стартот на учебната година покажа слабости, но од мон уверуваат дека проблемите ќе се решаваат тековно.