Почна трката за предвремените локални избори во општините Штип и Пласница

Почнува изборната кампања во Штип и Пласница. Во услови на кризна состојба и забрана за групирање на повеќе од четири лица седумината кандидати од овие две општини ќе ги убедуваат граѓаните да гласаат на изборите за градоначалнник.

Кандидатите најавуваат фер кампања и строго почитување на здраствените протоколи. Ќе имаат минимум контакти со избирачите и ќе водат кампања на интернет. 

Формирани се пет посебни избирачки одбори за Штип што треба да го спроведат гласањето на оние лица што се позитивни на корона вирус или се во изолација. Во моментот во Штип активни се над 530 случаи со корона вирус и најмалку двојно од тоа се во домашен карантин или превентивна изолација. Тие најдоцна до 5-ти декември треба електронски или преку поломошник да се пријават до Општинските изборни комисии. За поведник се смета оној кандидат што освоил мнозинство од гласовите, ако не ќе се организира и втор круг што во случајов е 27-ми декември.

„Ако на гласање во првиот круг не излезе една третина од запишаните избирачи во Избирачкиот список тогаш целата постапка се повторува, пишува во член132 од Изборниот законик.“

Во Штип право на глас имаат 41.777, додека во Пласница 4.954 гласачи. Кандидати за градоначалник на Пласница се Алија Јахоски од ДУИ и Рамазан Шерифовски, од Движењето за национално единство на Турците ( ако има изјави од кандидатите од Пласница)

Засега нема најави дека изборите ќе се одложат. Од Државната изборна комисија велат дека во Законот за кризна состојба не пишува ништо околу можно одложување или запирање на изборниот процес.