Почна седницата на ОН по повод 75. роденден
Foto

Почна седницата на ОН по повод 75. роденден

Во седиштето на ОН во Њујорк почна седницата посветена на 75-годишнината од основањето на светската организација.

По тој повод, лидерите на 182 од 193 членки на ОН ќе им се обратат на делегатите преку кратки видеа.

Годинашното одбележување е обележано со пандемијата на вирусот Ковид-19, а присутните делегати првично беа предупредени дека поради пандемијата на вирусот  мора да носат маски, да се придржуваат до мерките за физичко дистанцирање, како во салата, така и во холот на седиштето.

Протоколот предвидува претставниците на САД прво да им се обратат на членките, а на почетокот на состанокот беше објавен краток документарен филм за формирањето на ОН.

Обединетите нации се основани по Втората светска војна за да се спречи нов сличен конфликт.

0 Коментари

Остави коментари