Почна самитот Македонија 2025 - во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција

Забрзување на економскиот раст, дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал на земјава со паметни инвестиции, примена на вештачката интелигенција, враќање на инвестициите и улогата на дијаспората во националниот раст, ќе бидат во фокусот на самитoт „Македонија 2025“, што ќе почне денеска во Скопје.

Економски експерти, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави, ќе говорат на панел дискусиите на самитот, на кој се очекува да присуствуваат околу 550 гости.

Фокусот ќе биде ставен на потребата од забрзан економски раст и моделите како тој да се оствари, како и на дигиталната трансформација, иновациите, привлекувањето странски инвестиции и борбата против корупцијата.