Почна реконструкцијата на универзална сала, “нов лик“ треба да добие до 2026

По пауза од две години откако градоначалничката Данела Арсовска ги стопираше градежните работи, фирмата изведувач  почна  реконструкција на универзалната сала – симболот на град Скопје. Според договорот, за 90 работни дена  треба да биде готова надворешноста и куполата. Дополнително треба да се распише тендер за изведувач на внатрешноста. Проектот е готов и како што кажа проектантот Бујар Муча ќе биде задржана автентичноста на објектот.

Реконструкцијата на универзална  ќе се одвива во две фази и се очекува да биде завршена до 2026 година кога објектот треба да е подготвен за настани и да ги прими своите посетители. 

Универзалната сала беше  затворена скоро 9 години.  Градежните работи за реконструкција почнаа во септември 2021 во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов. Според договорот, Министерството за култура откако ќе ја финализира градбата ќе го предаде објектот на Град Скопје.