Почна расправата за буџетот за 2021 - опозицискиот блок го пречека со 528 амандмани
Foto

Почна расправата за буџетот за 2021 - опозицискиот блок го пречека со 528 амандмани

Буџетот за следната година во Собранието беше дочекан на нож. За опозицијата тој е огромен, нереален, неразвоен и строго партиски. Вака скроен ќе ја зголеми сиромаштијата во државата. За власта пак тој е реално планиран и остварлив, ќе ги поддржи здравството, економијата, како и реформите во правосудството.

Расправата почна со излагањето на министерот Бесими кој рече дека со буџетот треба да се излезе во пресрет на здравствената криза што ја донесе пандемијата со Ковид 19, да се зачуваат работните места, но и да се рестартира економијата.

Со ваквиот буџет власта ќе ја жртвува економијата, не планира да го помогне реалниот сектор и граѓаните, не планира и не знае како да се справи со катастрофалните последици од Ковид-кризат, тврди опозицијата. Власта пак одговори дека со буџетот државата покажува дека е тука за граѓаните.  

Нето задолжувањето следната година ќе биде околу 550 милиони евра. Со нив ќе се покрива буџетскиот дефицит, кој е проектиран на 4,9% од БДП. Народната каса следната година ќе тежи 4 милијарди, а се планираат приходи од 3,4 милијарди евра. Според проекциите економскиот раст ќе биде 4,1 насто од БДП.

0 Коментари

Остави коментари