Почна новата сезона во пингпонгарската Суперлига
Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје викендот се одиграа натпреварите од првото коло во најсилното македонско пингпонгарско натпреварување – Суперлигата.
Новопромовираниот тим во лигата - 10 60 АС Ѓорче Петров беше блиску до победа во дуелот со фаворитот Телеком НЕЦ 2, но на крајот е минимано поразен.
Резултати:
Пелагонија – Астраион 1:4
Шампион ФА - Крива Паланка 2007 4:2
Радовиш – Младост 0:4
Крива Паланка – Вардар 4:1
Телеком Нец – АС Ѓорче Петров 4:3.

