Почна изградбата на новиот кампус на универзитетот „Мајка Тереза“

Поставен камен темелникот на новиот кампус на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје на местото на поранешната касарна Илинден. Проектот е вреден 42 милиони евра и како таков е најголем досега проект во образованието на албански јазик. Ќе се гради според сите модерни стандарди за вакви објекти кој покрај образование треба да понудат развој на научно истражувачката работа и академски развој.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваа премиерот Мицкоски, министерката за образование Јаневска и градоначалникот на Чаир Изет Меџити.