Почна изградбата на делница од автопатот Скопје-Блаце

Домашната компанија „Гранит“ во следните 4 години ќе ја гради делницата од Скопје до граничниот премин Блаце во должина од 10,5 километри. Денеска официјално беше поставен камен-темелникот на оваа траса вредна речиси 200 милиони евра, финансирана со заем од ЕБОР и грант од Европската Унија. 

Иако надлежните ветуваат модерен автопат кој ќе го скрати патувањето до Приштина и ќе ја засили економијата, проектот зад себе влече долго досие на контроверзии — од обвинувања за проектни манипулации и превисока цена, па сѐ до сомнежи за криминална експропријација на земјиштето.