Почна изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, дел од Коридорот 8

Почна изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, која е дел од патниот Коридор 8. Трасата е долга 11,5 километри и треба да обезбеди спојување на клучни автопати на релација Скопје – Охрид. Инфраструктурниот зафат ќе чини 139 милиони евра и треба да заврши за 4 години. Оваа делница, како дел од Коридорот 8, е важна не само економски, туку и политички – порачаа од Владата.