Почна исплатата на заробените пари од „Еуростандард банка“
Foto

Почна исплатата на заробените пари од „Еуростандард банка“

Од денеска започна исплатата на заробените пари на штедачите од пропаднатата „Еуростандард банка“. Парите ќе се подигаат од Комерцијална, Стопанска, НЛБ и Халк банка. Префрлени се над 4,2 милијарди денари односно околу 68,3 милиони евра од Фондот за осигурување на депозити.

Денешниот старт создаде метеж пред експозитурите, граѓаните навалија уште првиот ден иако според најавата на Фондот за осигурување на депозити, исплатата ќе трае во наредните 3 години. Граѓаните велат дека немаат доволно информации за тоа како ќе тече исплатата.

Обесштетувањето се прави на оние штедачи кои имале до 30.000 евра, останатите пари над оваа сума тие ќе треба да ги побараат од стечајниот управител на банката, Душко Тодевски преку стечајната маса. Нема да бидат обесштетени ниту оние штедачи коишто биле штедачи на управни и надзорни одбори на банката, акционери и оние кои што се сомнителни за секторот перење пари. 

Остануваат некаде околу 800 штедачи кои имаат заштеди над 30.000 евра во банката и тие преку посебно здружение се организираат и бараат државата да им ги исплати заробените пари, а потоа таа да ги бара од стечајната маса на банката. Тие веќе се сретнаа со премиерот Заев и со министерот за фуинансии и со групи пратеници, бидејќи за реализација на оваа постапка потребни се законски измени.

0 Коментари

Остави коментари