Почна ЕП за фудбалери до 21 година, стартни победи на Шпанија и Италија

Со четири натпревари од воведното коло во групите А и Б синоќа започна Европското првенство за фудбалери до 21 година чиј домаќин е Словачка.

Во премиерниот натпревар, европскиот вицешампион Шпанија го совлада домаќинот Словачка со 3-2, во рамки на групата А, додека стартна победа забележа и Италија, триумфирајќи над Романија со 1-0.

Дебитантот на Европското првенство, Грузија, ја совлада Полска со 2-1 во воведното коло во групата Б, додека во дербито на вечерта Франција и Португалија одиграа без голови.