Почна арбитражата за неизградениот клинички во Скопје
Македонија започнува да ги плаќа пеналите за неизградените кличнички центра во Скопје, но и поради болницата во Штип. Станува збор за милионски суми казнени пенали кои ќе треба да се платат поради арбитражна постапка по однос на раскинување на Договорот за изведба на градежни работи на Клинички Центар „Мајка Тереза“. Првичните износи кои во јавноста се обелоденија се движат од 8 па до 20 милиони евра, но сè уште не се знае колку точно ќе чини раскинувањето на овој договор кој беше потпишан во 2017, а раскинат во 2019 год, а не знаеме ниту кога пациентите од истокот ќе ја добијат долгоочекуваната нова болница во Штип, чии темели беа удрени во 2016 година.
Министерот за здравство вели дека поради покачувањето на цените на репроматеријалите, инвеститорот бара анекс на постоечкиот договор со нова, повисока цена за продолжување на изградбата на новата штипска болница.
Но, ако пациентите од истокот речиси 10 години ја чекаат новата болница, тогаш кичевци три децении се сведоци на болница, која стана историја, се споменува во секој изборен циклус и е започната да се гради некаде во 1985/86 година, односно пред 37 години и сè уште не е завршена.
Експерти за ТВ 24 веќе предупредија дека премногу е задоцнето пуштањето во функција на новите болници во државата и дека истото може само негативно да влијае.
Игнорирањето на писма од страна на претходните раководства во ресорното Министерство во кои италијанската компанија ги известила за плаќањето на пенали кое на почетокот беше 8,5 милиони евра пред да дојде до судот за арбитража, честата промена на министри, децениското чекање за изградба на нови болници придонесоа само граѓаните да немаат навремен пристап до здравствените услуги, сè помалку професионални вработувања во здравството, но сè поголем одлив на здравствени работни