Почна 36-тото издание на Саемот на книгата под мотото „Приказна се чита“

Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје денеска ќе биде отворено 36. издание на Саемот на книга, кој во седумте саемски дена ќе понуди книги од домашни и странски автори од преку 60 издавачки куќи од земјава и регионот.

На официјалното отворање на Саемот на книга обраќање ќе има министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.