Почина Тони Баталаков, танчар, педагог и поранешен директор на балетот
Foto

Почина Тони Баталаков, танчар, педагог и поранешен директор на балетот

Антон Баталаков - Тони, истакнат танчар, повеќегодишен репетитор, директор, педагог, почина на 76 години, соопшти Националната опера и балет (НОБ).

Баталаков во Македонскиот народен театар (МНТ) бил од 1964 до 1992 година, каде што работел како солист, долгогодишен репетитор, бил и директор на балетот од 1979, а  до 1989,  педагог во училиштето, каде што предавал класичен балет и дуетен танц.

Во класичен стил ги изведе следните ролји: пријатели на франц во „Копелија“ (1963), „Балада за Сскопје“ (1967), парис и ромео во „Ромео и Јулија“ (1969), Алберт во „Жизел“ (1973 и 1987), Валс на пролетта во „Штраусијада“ (1976). Капетанот Кука во ‘Петар Пан’ (1970), Гиреј во ‘Бахчисарајска фонтана’ (1981), Хиларион во ‘Жизел’ (1984), Дон Кихот во ‘Дон Кихот’ (1985), Ротбарт во ‘Лебедово езеро’ (1986).

Работејќи на повеќе определби во балетското опстојување кај нас и тоа како танчар, повеќегодишен репетитор, директор, педагог во училиште, секогаш вложувајќи се максимално, тони баталаков го дава својот придонес, со што добива значајно место во развојот на балетската уметност во Македонија“, велат од неговата матична куќа.

0 Коментари

Остави коментари