Почина познатиот актер Жарко Лаушевиќ
Актерот Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти во име на семејството неговата втора сопруга Анита Лаушевиќ.
За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана, пренесува белградска „Политика“.
Пред да биде хоспитализиран летово заради проблеми со бели дробови, актерот не сакал да го пропушти продолжението на снимањето на серијата „Калкански кругови“ на која работел во Аранѓеловац.
Легендарниот црногорски актер и писател и еден од најпопуларните екс-ју глумци, познат по филмовите како „Хасанагиница“, „Игмански марш“, „Лазар“, „Јагоди во грло“, „Доброволци“, „Убавината на порокот“, „Шмекер“ „Сив дом“, „Офицер со роза“, „Лето“, „Црн бомбардер“, „Кажи зошто ме остави“ во 2017 беше гостин на второто издание на филмскиот фестивал Киненова во Скопје, каде му беше врачена специјалната награда за придонес во филмската уметност.