Почина познатиот актер Данчо Чеврески
Foto

Почина познатиот актер Данчо Чеврески

На 69 годишна возраст утрово почина Данчо Чевревски (1951 - 2020), доајен на македонското и југословенското глумиште.

Чевревски  е македонски филмски и телевизиски глумец и продуцент. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес. Работеше како професор на ФДУ, а воедно и долги години беше Декан на факултетот. Чевревски зад себе има бројни филмски и телевизиски остварувања, беше еден од нашите актери кои имаат најмногу улоги.

Јавноста го препознава по многу филмски улоги – во „Најдолгиот пат“, „Курирот на Гоце“, „Оловна бригада“, играше и во „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Џипси Меџик“, и многу други. Чевревски играше и со доајените на југословенскотот глумиште, Бата Живојновиќ, Мики Манолјовиќ и други.  Добитник на многу награди и признанија.

0 Коментари

Остави коментари