Почина поранешната македонска репрезентативка Јулија Партенко
Нова трагедија за македонскиот спорт и ракометното семејство - синоќа ненадејно почина Јулија Николиќ (порано Партенко) која во својата кариера го носеше дресот на Кометал Ѓорче Петров и ЖРК Вардар.
Партенко дојде во Македонија во 2003 година во тимот на Кометал Ѓорче Петров и брзо потоа стана и македонска репрезентативка.
Шест години беше дел од Кометал Ѓорче Петров, а во 2013 година се врати во Македонија, во редовите на ЖРК Вардар, каде и ја заврши кариерата во 2015 година.
Во последните шест години беше надвор од ракометот.