Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи
На 60-годишна возраст утрово почина политичкиот аналитичар и поранешен дипломат Арсим Зеколи. Зеколи беше поранешен амбасадор на Македонија при ОБСЕ во Виена и еден од најпрепознатливите политички коментатори во јавниот простор.
Во дипломатската кариера беше постојан претставник на земјата во Организацијата за безбедност и соработка во Европа, а ОБСЕ во својата архива го бележи и неговото проштално обраќање како шеф на постојаната мисија на Македонија во јануари 2009 година.

