Почина писателот Михаил Ренџов

Почина  Михаил Ренџов, еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач, објави неговиот син, музичарот Петар Ренџов. Имаше 88 години.

Ренџов завршил Правен факултет, но неговата голема љубов беа поезијата и литературата, па со години работел во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје и беше е член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Автор е на дваесетина збирки поезија, меѓу кои и „Иселеник на огинот“ (поезија, 1965); „Ноќно растење на зборот“ (поезија,1967); „Каде од оваа страна“ (поезија, 1968, „Издишки“ (поезија, 2013). Го превел и епот „Гилгамеш“.

Последната поетска збирка „Зраци“ ја објави во 2023.

Ренџов е добитник е на бројни награди меѓу кои: „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата Нерези (1982), „Григор Прличев“ за поемата „Тој“ (1993), „Ацо Шопов “ за книгата „Јас Оксиморон“ (1999), „Рациново признание“ за книгата „Захариј и други раскази“ (2004), „Григор Прличев“ за поемата „Предвесница“ (2009), „Браќа Миладиновци“ за книгата „Јас. Елегии“ (2017).