Почина Ѓорѓе Балашевиќ
Foto

Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Славниот музичар и пејач Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67 години како последица од коронавирусот. Пред три дена тој беше примен на инфективната клиника во Нови сад, но состојбата нагло му се влошила. Напорните на лекарите да го спасат не успеале. Балашевиќ имаше хронични проблеми.

Ѓорѓе Балашевиќ е роден во Нови Сад, во семејството Јован Балашевиќ и од мајка Вероника Балашевиќ (родена Долонец) од Копривница (денешна Хрватска). Во 1977 откако станал дел од групата Жетва, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Синглот е продаден во 180.000 примероци, што за тоа време претставувало голем успех.

Следната година ја напушта групата во која се афирмирал и заедно со Верица Тодоровиќ ја формира групата Рани мраз со која настапува на фестивалот во Опатија со песната „Моја прва Љубав“. Во текот на истата година снимаат уште неколку песни.

Пред започнувањето на снимањето на песната „Рачунајте на нас“ во работата на групата се приклучуваат бившите членови на групата Сунцокрети, Биљана Крстиќ и Бора Ѓорѓевиќ. Песната станала популарна како помеѓу властите, така и помеѓу народот и на извесен начин претставувала химна на генерацијата.

Во Сплит во 1979 година Балашевиќ ја освојува првата награда со песната Панонски морнар. Во текот на 1980 година за време на отслужување на воениот рок во Загреб и во Поаревац каде учествува во снимањето на ТВ серијата Војници. При крајот на годината излегува албумот „Одлази циркус“, инаку последниот албума на групата Рани мраз.

Во почетокот на 1982 година, со издавање на албормот Пуб ја започнува својата соло кариера. Следната година во зимата првпат одржува конценрт во Сава центарот во Белград. Насловната нумера од албумот Celovečernji The Kid (издаден во 1983 година) е снимена на англиски јазик и инспирирана е од мексиканскиот фолклор. Во април 1984 го издава својот трет соло албум на кој се наоѓа можеби надобрата негова песна Словенска.

Започнувајќи од следниот албум Бездан, Балашевиќ формира екипа која со него редовно ќе работи како студиска и концертна поддршка. Самиот Балашевиќ смета дека со овој албум започнува најплодниот дел од неговото творештво. Следниот албум Панта реи добива исклучително лоши критики кои веројатно се последица на тешкиот период кој авторот го имал во приватниот живот.

Следниот албум Три послератна друга снимен е во 1989. Овој албум носи поднаслов Музика од истоимениот роман кој Балашевиќ го објавува во 1989 година. Овој албум бил добро прифатен како од публиката, така и од критиката. На овој албум се наоѓа и песната Д-мол - една од најубавте негови балади. Во периодот кога започнува војната во Југославија издаден е албумот Марим ја... Овој албум е запамтен по исклучително добрите текстови и носталгични ноти.

Во 1993 година Балашевиќ го снима албумот Један од оних живота. Албумот излегува во периодот на војната и економската криза која во Југославија постоела тогаш. Во тие години концертите на Балашевиќ поставуваат јавни чистилишта на кои тој изнесува критики против постојниот режим.

По подолга пауза, во 1996 година, го објавува албумот На послетку. Песните на овој албум се снимено претежно со акустични инструменти. Од инструменти користени се: фагот, обоа, труба, виолина кои на убав начин ја пренсуваат атмосферата на песните на Балашевиќ.

Вториот роман го објавува во следната година. Содржината на романот ги прати содржините на неговиот претпоследен албум. Романот добива исклучително добри критики. Во 2000 година Балашевиќ го објавува политичкиот албум Деведесете. Во овој албум тој јавно ги осудива настаните од претходната деценија.

Љубовните песни кои не се присутни во претходниот албум во потполност го исполнуваат албумот Дневник старог момка кој го објавува на крајот на 2001 година. Овој албум содржи дванаесет песни и секоја од нив за наслов носи женско име. Овој албум ѝ е посветен на негова сопруга Оља. Инаку, со комбинација на почетните букви на сите песни од албумот се добива „Оља је најбоља“.

Балашевиќ доживеа срцев удар во ноември 2019 година, поради што му беа вградени стентови. Поради ова, тој тогаш мораше да ги одложи најавените концерти.

0 Коментари

Остави коментари