Почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак
По долго боледување, на 61-годишна возраст почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството.
Нејзината кариера започнала во 1988 година во Македонската радио-телевизија, каде работела до 1990 година. Потоа била дел од редакцијата на „Нова Македонија“ во периодот од 1991 до 1999 година, по што следуваше нејзиниот најдолг ангажман во „Утрински весник“, каде од 1999 до 2017 година работеше како новинарка и уредничка.
Професионалниот пат го продолжи во 2017 година во порталот „Макфакс“, а во 2018 година се приклучи на телевизијата „1ТВ“, каде исто така извршуваше уредничка функција. Од 2019 година беше дел од неделникот „Фокус“.
Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиниот син Мартин Дувњак, кој во емотивна порака ја опиша како посветена мајка и врвен професионалец.
– Се одјави нашата мајка, жена, кралица Гордана Дувњак. Врвен професионалец и новинар кој беше пример за чесност, љубов кон професијата и став – напиша тој.
Семејството истакна дека таа била столб и поддршка, посветена на своите најблиски и на професијата.

