Почина НБА-легендата Вилис Рид

На 80 години почина легендарниот американски кошаркар и двократен НБА шампион, Вилис Рид.

Иако се уште не е објавена точната причина на смртта, медиумите во САД објавија дека Рид во последната година имал срцеви проблеми.

Тој ќе остане најмногу запаметен како единствен кошаркар во историјата на Њујорк Никс, кој беше МВП, а титулата најкорисен играч на лигата ја освои во 1970 година.

Во НБА лигата Рид помина 10 години и сите десет ги одигра во тимот на Никс со кои освои два прстена во 1970 и 1973 година.

Тој е еден од легендарните кошаркари кои се наоѓаат во топ 50 НБА играчи на сите времиња.