Почина најдобриот некрунисан возач во Ф1
Foto

Почина најдобриот некрунисан возач во Ф1

Легендата на авто-мото спортот, Британецот Сер Стирлинг Мос, по долго боледување почина денеска на 90-годишна возраст.

Станува збор за еден од најдобрите возачи на сите времиња, а во кариерата има 212 победи на вкупно 529 трки на кои настапил. Во историјата е запишан како најдобар натпреварувач кој никогаш не освоил титула во Ф1. Во седумте сезони во кои се натпреварувал во најбрзиот циркус, победил на 16 трки, а дури четири пати бил второпласиран во генералниот пласман и тоа во периодот помеѓу 1955 и 1961 година.

Најблиску до круната бил во 1958 година, кога како возач на Ферари не успеал да триумфира за само еден поен.

„Почина онака како што и живееше – прекрасно. Само ги затвори своите прекрасни очи и замина“, изјави неговата сопруга, Лејди Мос. Кариерата во Ф1-циркусот ја заврши во 1962 година, кога имаше сериозен инцидент по директен удар во оградата со неговиот Лотус.

0 Коментари

Остави коментари