Почина Љубиша Георгиевски
Foto

Почина Љубиша Георгиевски

Ако некогаш не знаете што е исправно во политиката, прашајте што е најтешко. Ако сакате да сте исправни, правете го она што е најтешко и тогаш ќе бидете на правиот пат. И тоа е тоа значајно што треба да го научите“ - кажа при една прилика Љубиша Георгиевски!театарски и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра. Георгиевски почина утрово на 81.

Роден e  во Битола на 30 мај 1937 година. На македонската јавност Георгиевски и е познат и како кандидат  за претседател на државата во 1994 година. Тој беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008.
Љубиша Георгиевски замина но остави плодна кариера со над 161 театарска претстава, дваесетина филмски остварувања, голем број есеи, колумни и театролошки текстови.
Има издадено повеќе од десет книги, има напишано преку 200 авторски колумни
Како режисер работел во Лос Анџелес и Далас, во Полска, Романија, Италија, Хрватска, Србија, Бугарија, а неговите текстови и претстави се прикажуваат во Москва, Виена, Париз, Варшава, Будимпешта, Букурешт, Лоѓ, Софија, Белград, Загреб, Трст.

Многумина знаат да кажат дека е театарски педагог за кого неговите некогашни студенти раскажуваат легенди, се колнат во него и го имаат како репер според кој ги одредуваат личните и професионалните стандарди: естетички, етички, жителски, дури и семејни, интимни
Љубиша Георгиевски е интелектуалец од онаа вонстандардна, речиси ренесансна, денес веќе изумрена сорта: неуморен читател на недобројни книги, вечен немирник/љубопитник кој секогаш мисли , полиглот кадарен да зборува, пишува, мисли и сонува на еден куп јазици.
Беше и остана почитуван професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Љубиша Георгиевски е човек кој ја задолжи Македонија со својата неуморна работа и силна посветеност во развојот на културата и остави силен печат во светската културна ризница. Неговото име ќе остане запаметено како еден од најголемите амбасадори и промотори на нашата култура, идентитет и традиција.

0 Коментари

Остави коментари