Почина композиторот и тв водител, Драган Вучиќ
Foto

Почина композиторот и тв водител, Драган Вучиќ

На Инфективната клиника во Скопје денеска почина музичарот, композитор и тв водител, Драган Вучиќ (65). Информациите се дека причина за неговата смрт е вирусот Ковид-19.

Драган Вучиќ е роден во Скопје 1955 година. На сцената е повеќе од 40 години. Беше еден од најдобрите басисти во Македонија. 

Членувал во повеќе групи, а најголем успех постигна со групата „Кода“.

Автор е на голем број македонски хитови меѓу кои „Свирете ја зајди, зајди“, „Ангели ме носат“ „Кажи ѕвездо“. 

Драган Вучиќ беше и познат телевизиски водител на голем број емисии кои беа многу популарни кај гледачите.

0 Коментари

Остави коментари