Почина јужноафриканскиот надбискуп Дезмонд Туту, борец против апартхејдот
Почина надбискупот Дезмонд Туту, добитник на Нобеловата награда за мир во 1984 година и влијателен ветеран во борбата приотив апартхејдот, извести кабинетот на претседателот на Јужноафриканската Република.
Претседателот Сирил Рама-фоса изрази сочувство на неговото семејство, на претставниците на Фондацијата на оставнината на Дезмонд и Леа Туту.
- Смртта на надбискупот Дезмонд Тути е уште едно тажно поглевје во простувањето на нашата нација со припадниците на генерацијата Јужноафриканци кои нѐ задолжија и ја ослободија Јужна Африка“, објави претседателот Рамафоса.
Туту починал во недеалта во Кејптаун, и беше последниот од досегашните јужноафрикански нобеловци. Во 1984-та ја доби Нобеловата награда за мир за неговиот ненасиле отпор на апртхејдот. Деценија подоцна беше сведок на крајот на белечкото владеење, додека претседаваше со Комисијата за вистина и помирување воспоставена за да се откријат и објават злосторствата сторени во текот на тој мрачен период.
Туту и белите и црните Јужноафриканци го сметаше за свест на нацијата, што е траен доказ на неговата вера и друхот на помирување во расно поделената земја. Кон крајот на 1990-те му беше дијагностициран рак на простата, а последните годни неколкупати беше хоспитализиран за закрепнување од инфекциите поврзани со постапката за лечење од ракот.