Почина индискиот магнат Субрата Рој
Субрата Рој, контроверзниот индиски бизнисмен почина на 75 години по долго боледување. Тој бил примен во болница во неделата откако му се влошила состојбата поради бројните здравствени проблеми, објавуваат медиумите во светот.
Како што потсетуваат медиумите, во 2014 година Врховниот суд на Индија наредил притворање на Субрата Рој поради спор со Одборот за хартии од вредност на Индија, што довело до долга судска битка, по која завршил и во затвор.
Субрата Рој се појави во Македонија во првата половина на 2010-ите, при што се поврзуваше со градење на голем туристички комплекс во Љубаништа и со купување на агрокомбинатот „Џумајлија“, а како потсетник на него остана недовршениот споменик на Мајка Тереза на плоштад Македонија во Скопје, што од владата на ВМРО-ДПМНЕ беше претставуван како негова донација.