Почина Ферус Мустафов

Кралот на ромската музика, Ферус Мустафов по кусо боледување почина ноќеска на 72-годишна возраст.

Саксофонистот Ферус имаше мозочен удар на 26 април и оттогаш се наоѓаше во болницата „8 Септември“. Тој беше во критична состојба и беше ставен во вештачка кома. 

Ферус Мустафов е роден на 20 декември 1950 година во Штип. Зад себе има импресивна музичка кариера и бројни настапи во Македонија и ширум светот.