Почина доајенот на македонската ликовна уметност Илија Аџиевски
Денес почина доајенот на македонската ликовна уметност Илија Аџиевски на 97 годишна возраст. Илија Аџиевски е роден во Струга во 1926 година.
Академија за ликовна уметност завршил во Загреб во 1954 година, во класата на професорот Франо Кршиниќ. Автор е на голем број споменици, монументални керамички релјефи, парковски скулптури, портрети на познати личности од јавниот и културниот живот. Учесник е на значајни национални и интернационални изложби.
Погребот е закажан за среда на 25.10.2023 година во 14.00 часот, на градските гробишта во Струга.