Почина актерот Славко Нинов
Foto

Почина актерот Славко Нинов

По кратко и тешко боледување на 74 години почина актерот Славко Нинов, кој работниот век го помина во Македонскиот народен театар.

Ќе остане запаметен по извонредните интерпретации на стихови од Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Кочо Рацин, како и од „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков.

0 Коментари

Остави коментари