Почина актерот Митко С. Апостоловски

Во 67-та година од животот, денеска почина познатиот македонски актер Митко С. Апостоловски, доајен на македонското глумиште.

Митко С. Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995).

Театарската публика ќе го памети по неговите маестрални улоги: Фезлиев („Црнила“), Војдан („Тетовирани души се враќаат дома“), Креонт („Медеја“), Дидро („Развратникот“).
Беше дел од актерската екипа и на познатите ТВ серии: „Наши години“, „Илинден“, „Белото циганче“, „Тврдокорни“...

Неговата актерска кариера ја одбележаа и бројни филмски улоги вo: „Бог да ги убие шпионите“, „Заборавени“, „Големата вода“, „Трето полувреме“, „До балчак“, „Последниот Македонец“ и други.