Почина актерот Иван Бекјарев
Foto

Почина актерот Иван Бекјарев

Познатиот српски актер Иван Бекјарев почина на возраст од 74 години, пренесоа српските медиуми. Актерот бил позитивен на коронавирус, а пред десет дена му се влошила состојбата.

Последните недели бил на Инфективната клиника во Белград. Актерот дознал дека е позитивен на Ковид-19 додека снимал филм, поради што го напуштил сетот.

Бекјарев првата улога ја одигра во далечната 1967 година, а играше во повеќе филмови, серии и театарски претстави.

Најпознати серии во кои играше се „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Отпишани“, „Горки плодови“. Во Македонија е најпознат по улогата на Стевица Курчубиќ од „Подобар живот“.

Бекјарев долги години предаваше на Академијата за уметности во Белград. Во 2007 година беше и кандидат за пратеник.

Родителите на Бекјарев се по потекло од Македонија, а неговиот татко Ѓорѓи заминал во Белград пред Втората светска војна, додека мајка му Радмила, по потекло до Гевгелија, во главниот град на Србија дошла во 1945 година. Иван е роден во Белград на 6 април 1946.

Пред 4 години, Иван беше гостин во Патот до успехот, каде ја раскажа неговата животна и професионална приказна.

„Ниту Србите ме признаваа за Србин, ниту Македонците за Македонец.“ - рече тогаш актерот, кој секогаш го истакнуваше своето потекло во сите интервјуа и шеговито знаеше да каже дека „си лафи по гевгелиски“.

0 Коментари

Остави коментари