Почина актерот Гоце Тодоровски
Македонската култура денес остана без еден од своите најпрепознатливи уметници. На 75-годишна возраст почина легендарниот актер Гоце Тодоровски, човекот чиј глас, хумор и актерски талент со децении беа дел од секојдневието на генерации гледачи.
Веста за неговата смрт ја соопшти неговото семејство.неговата ќерка на социјаните мрежи објави дека и покрај сите напори тодоровски ја изгубил битката со болеста.
фб статус Сашенка Тодоровска
Уште кога си замина кумац Ванчо замина и дел од тебе, остана без една половина иако пензионирани не се помири и готово! Крај! Сега барем знам дека сте заедно тандем на овој па и на оној свет.
Роден во Кичево во 1951 година, тодоровски речиси целиот свој работен век го помина на сцената на драмскиот театар во скопје, каде создаде бројни незаборавни улоги. Покрај театарот, остави силен печат и во филмот, телевизијата и радиото, а особено ќе остане запаметен по своите улоги во „Македонски народни приказни“, „Бушава азбука“, „Солунски патрдии“, „Трст виа Скопје“ и многу други проекти.
Со својот препознатлив хумор, топлина и автентичен актерски израз, Гоце Тодоровски стана еден од симболите на македонското глумиште.
За својот придонес доби бројни признанија, меѓу кои орден за заслуги за Македонија, наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“ и наградата „23 Октомври“.
Неговото заминување претставува голема загуба за македонската култура, а зад себе остава богато уметничко наследство кое ќе продолжи да живее преку неговите улоги и делата што ги обележаа македонската театарска и телевизиска сцена.

