Почина актерката Снежана Стамеска
Почина Снежана Стамеска, една од најзначајните актерки на македонското глумиште. Имаше 79 години. Низ деценииве Стамеска беше важен дел од градење на културните и уметничките вредности во државава.
Стамеска останува запаметена со нејзините врвни улоги - Пандора во „Солунски патрдии“ (1979), Вера во „Диво месо“ (1979), Сина во телевизиската серија „Трст виа Скопје“ (1987), Вера во „Среќна нова ’49“(1985), и Паца во „Викенд на мртовци“ (1985). Во својата повеќедецениска кариера има добиено многу награди за нејзините маестрално одиграни улоги.