Почина актерката Неда Арнериќ
Foto

Почина актерката Неда Арнериќ

Познатата актерка, доајен на југословенското глумиште, Неда Арнериќ, почина во 67-та година од животот. Според српските медиуми, била пронајдена мртва во нејзиниот стан.

Според српски Телеграф, Арнериќ ја нашол нејзиниот брат мртва, седната на трпезариската маса, без траги на насилство.

Веднаш се повикани полиција и Брза помош кои само констатирале смрт. За Арнериќ беше познато дека пати од депресија и во неколку наврати проба да си го одземе животот.

Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 во Књажевац и имаше богат творечки опус како актерка. Поната е по многу главни и споредни женски улоги во филмови, серии и театарски претстави. На македонската јавност таа е позната по улогата во „Исправи се, Делфина“ на режисерот Александар Ѓурчинов, каде го долови подвигот на Атина Бојаџи која го преплива каналот Ла Манш.

0 Коментари

Остави коментари