Почина 27-годишна жена од Штип, откако била касната од крлеж
27 годишна жена од штипското село Кучица во четвртокот починала на Инфективната клиника во скопје откако и била детектирана конго-кримска хеморагична треска предизвикана од каснување од крлеж кој жената наводно го извадила во домашни услови неколку дена претходно.
По развивањето на симптомите како што во писмена информација до одделни медиуми информира директорот на институтот за јавно здравје Шабан Мемети, жената била прво хоспитализирана на болницата во Штип а потоа донесена во Скопје каде поради брзото прогресирање на состојбата, таа набргу починала.
„Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица, Штип која поради брзо прогресирање на болеста починала истиот ден. Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од СЈЗ Штип направи веднаш увид во селото, клиничката болница Штип и ИМП Штип. Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, по појава на симптоми (неколку дена по каснувањето) најпрво била хоспитализирана во Штип а потоа во Скопје“.
Тим од ИЈЗ со колегите од Штип направиле веднаш увид во селото и направиле епидемиолошка анкета за пациентката по што биле информирани дека таа на неколку дена, пред да и настапи смртта, била касната од крлеж и дека го извадила во домашни услови.