Почина 26-годишен кавадарчанец на Инфективна клиника
Foto

Почина 26-годишен кавадарчанец на Инфективна клиника

Почина дваесет и шестгодишен кавадарчанец на Клиниката за инфективни болести.

-Дваесет и шест годишниот пациент од Кавадарци бил хоспитализиран на Клиниката на инфективни болести и фебрилни состојби од 25 октомври. Тој имал апластична анемија и бил со тешка клиничка слика на неинвазивна вентилација со прогресивно влошување на здравствената состојба“ - стои во писмениот одговор до МИА од Одделение за односи со јавноста при Министерство за здравство.

Според неофицијални извори блиски до момчето, дознаваме дека тој бил позитивен на коронавирус. Од нив исто така дознавме дека на Клиника се лекувал и неговиот брат. Таткото на двајцата браќа се лекувал во домашни услови.

0 Коментари

Остави коментари